Градскиот стадион во Тетово е местото каде ФК Охрид 2004 ќе отвори ново поглавје во својата фудбалска историја. “Рибарите“ само трет пат по осамостујувањето на Македонија ќе играат најсилното фудбалско првенство.


Избраниците на Здравко Цветаноски во првата рунда гостуваат кај разнишаната Ренова , која на два дена пред стартот на шампионатот остана без својот кормилар Билбил Соколи.

За охриѓани неизвесен е настапот на Климент Настоски – Чико, кој е во преговори со албанскиот Поградец.

Двојки 1 коло

Тетово : Ренова Охрид 2004  
Прилеп : 11 Октомври Вардар 1947  
Скопје  : Металург Тетекс  
Турново : Х.Турново  Шкендија  
Кичево  : Напредок  Силекс  
Скопје  : Работнички Брегалница ( Недела 17.00)