Охридскиот фудбалски клуб Охрид 2004, се пријавил во ФФМ за лиценцирање за учество во натпреварувањата организирани од страна на УЕФА за сезона 2012/2013.


Покрај Охрид, до Одделнието за лиценцирање поднесоа пријави уште ФК Хоризонт Турново – с.Турново; ФК Работнички – Скопје;ФК Ренова – с.Џепчиште, Тетово; ФК Шкендија – Тетово; ФК Силекс – Кратово; ФК Вардар – Скопје; ФК Металург – Скопје.

Охрид 2004 по првиот дел од сезоната заврши на осмата позиција со 20 освоени бода. Во есенскиот дел од сезоната на охридската клупа се сменаа двајца тренери. Сезоната ја започна Здравко Цветаноски кој освои 4 бода, а него го наследи Драган Антиќ кој собра 16 бода. По суспензијата од страна на ФФМ, на крајот од сезоната Антиќ го напушти Охрид.


Нов тренер на “рибарите“ според пишувањето на Утрински весник ќе биде Горазд Михајлов. Доста неизвесно е со кој состав ќе работи Михајлов, откако поголемиот дел од стандардните првотимции имаат бланко исписници и најавија заминување од клубот.

Според “Утрински“ , стартот на подготовките ќе биде на 11 јануар.

Ohridnews