Охридскиот футсал тим Охрид ’21 го демолираше тимот на Велес со 10-3 и обезбеди пласман во наредната фаза од купот во футсал.

Гостите на стартот поведоа со 2-0 и навестија дека ќе стигнат до третата победа во меѓусебната пресметка. Охриѓани се консолидираа и до крајот на првиот дел успеаа да направат комлетен пресврет со 3-2.


Вториот дел во целост им припадна на домаќините кои ги надиграа велешани затресувајќи ја седум пати нивната мрежа.



Бимбилоски погоди трипати, два пати погоди Д. Пазаркоски, еднаш гостите си постигнаа авто гол, а по еднаш мрежата ја затресоа Абазоски,Ицоски, Матески и И.Пазаркоски.

М.П.