Фудбалерите на Охрид забележаа нов триумф во Втората македонска фудбалска лига-запад, откако на СРЦ „Билјанини Извори“, во 12-та рунда од шампионатот, со 5-0 (1-0) ја совладаа Дрита.

„Рибарите“, до петтата победа сезонава во второлигашката конкуренција, стигнаа со доминатна игра од почетокот до крајот на натпреварот.

После почетното испитување на силите, домашниот состав преку Александар Ѓорѓиески ја имаше првата прилика за погодок, но неговиот удар заврши над голот. Втората шанса исто така ја имаше Охрид. Александар Целески се обиде со глава, но не ја погоди целта.

Во 27-та минута, „рибарите“ го отворија резултатот. Бурхан Алији, од косо, од слободен удар биеше во подалечниот агол од голот и го матираше гостинскиот голман. После водечкиот погодок, охриѓани, малку се опуштија, а гостите со серија слободни удари се заканија кон голот на Никола Симоновски, кој повторно беше на висина од задачата.

Во вториот дел, Охрид, се поправи, ја нагази топката и ретко дозволуваше возбудувања пред својот гол. Стрпливата игра со плод врод во последните 15-тина минута од мечот, кога Охрид комплетно го скрши противникот со четири голови. На 2-0 зголеми Ѓорѓиески, за 3-0 прецизен беше Целески. За 4-0 реазилираше Шериф Реџепи, а Целески со вториот погодок стави точка на победата.

В среда во вондредната 13-та рунда Охрид гостува кај лидерот на табелата во Втората лига, екипата на Скопје.

Охрид: Симоновски, Цуцули, Маркоски, Трпески, Ариф, Вељаноски, Ѓорѓиески (84` Наумовски), Алији (84` Ристески), Кочоски (74` Реџепи), Целески, Дишлиевски (64` Бакулески)

Дрита: Беќири, Мислими (58` Фетаи), Шахини, Љума (46` Алији), Балдолиев (46` Абази), Демири, Халими, Нуредини (58` Реџепи), Имери, Реџепи, Алили

OhridNews