Охридскиот ракометен клуб ја официјализираше соработката со хрватскиот интернационалец Денис Тот. Двете страни пуштија рака за соработка една сезона.

Тот треба да биде едно од главните засилувања за екипата бидејќи се работи за десен бек со големо искуство зад своето име иако има само 25 години.

Хрватот ги стартуваше подготовките со „гладијаторите“ и недела дена работи со полна пареа. Тот во Охрид ќе го замени српскиот интернационалец Лазар Петровиќ, кој се пресели во Шведска.

Покрај десниот бек Охрид во летниот преоден рок се засили со голманот Никола Даниловски, Мартин Манасков, Кристијан Анастасовски и Дејан Гошески.

За десеттина денови, клубот, ќе учествува на турнирот во Тузла а до почетокот на сезоната ќе одигра уште неколку контролни средби.

OhridNews