Ракометниот клуб Охрид со триумф ги започна тест средбите во подготвителниот период за новата сезона совладувајќи го косовскиот состав Беса со 23-21.

Двете екипи одиграа квалитетен и борбен натпревар. Охридските ракометари беа поприсебни и подобри во финишот и стигнаа до победата.

Во листата на голгетери се истакнаа Бобан Блажески со 8 погодоци и Иван Тасеки со 4 погодоци а Мартин Ивановски застана на 3. Одлични на голот беше двоецот Јагош Брауновиќ и Никола Даниловски.

Утре со почеток во 11 часот, „сино белите“ ќе одиграат нова тест средба со Беса. По враќањето во Охрид ракометарите ќе ги направат финалните подготовки за учеството на турнирот во Тузла.

OhridNews