ЈП Билјанини Извори успешно ја продолжува соработката со Српската агенција Спорт плус од Белград која е специјализирана за организација на спортски турнири и припреми.

После нашето учество на првите „Компаниски спортски игри“ кои се одржаа во Грција минатиот септември и плодните разговори и планови кои ги имавме и зацртавме со агенцијата сведоци сме на уште поголемото интензивирање на соработката помеѓу двата правни субјекти а во интерес на целокупниот развој на спортски туризам во Охрид. Имено од 02.02. до 02.03. 2020 година Охрид и СРЦ “Билјанини Извори” е домаќин на три фудбалски клубови, ФК Црвена Звезда, ФК Вождовац и ФК Графичар со повеќе од 200 фудбалери генерација 2004 и 2005. Покрај организираните припреми фудбалските тимови ќе одиграат и неколку подготвителни натпревари со наши генерациски соодветни фудбалски клубови и школи. – информира ЈП „Билјанини извори.

СРЦ “Билјанини Извори” во 2020 година во континуитет е домаќин на фудбалските тимови од соседните држави, Р. Србија, Р. Албанија, Р. Бугарија и Р. Косово. Јануари беше припремен месец на сениорските фудбалски тимови, додека февруари е месец на припреми на фудбалските подмладоци на клубовите од соседните држави.

OhridNews