Фудбалерите на Охрид Лихнидос попладнево забележаа висока победа во заостанатиот натпревар против Големо Коњари на гости 0:9.
Стрелци на головите за Охрид беа Иван Глигоров кој постигна хет-трик, на два пати стрелаше Антонио Каланоски а голови постигнаа и Бојан Затуроски, Стојан Попоски, Ерен Парталко и Димитриј Димитриевски.
На Охрид во недела му претстои уште еден заостанат натпревар со Слога Виница кој ќе се одигра на СРЦ “Билјанини извори”.
Со евентуална победа Охрид ќе биде на дофат на есенската титула во Втората лига.
Г.М.












