Просторот на потегот од градското пристаниште в долж кејот Маршал Тито, е идеален за поставување на уште неколку споменици на дејци кои ја одбележале македонската историја, сметаат охридскиот градоначалник Александар Петрески и авторот на “духовниот триаголник“, академикот Томе Серафимоски.

Добро би било да се постават уште три четири споменици на истакнати дејци кои се дел од македонската култура и литература од познатото македонско средновековие. Секако тука мiслам на Ангелариј, Тимотеј, Саво и Горазд, кои би дошле во своевидна близина на своите претходници – истакна Серафимоски.

Градоначалникот на Охрид, побара да не се прави паралела меѓу она што се случува во Скопје и ова во Охрид. За охриѓани овие споменици значат духовно издигнување, поготово што доаѓаат од периодот на најзначајната македонска историја.

– Добрите идеи од секогаш сум ги следел, сметам дека добро e да се продолжи сo поставување на споменици и на други дејци, како и na истакнати охриѓани како Григор Прличев, Христо Узунов, Живко Чинго – заврши Петрески.

М.П.