Рекорден број на коегзибитори ќе ги промовираат туристичките понуди на македонскиот штанд на саем за туризам во Белград. Свеченото отворање на 44. Меѓународен саем за туризам се одржа во Белград во фантастична атмосферa, a oколу 350 изложувачи од 33 земји, вклучително и Северна Македонија, учествуваат под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).
Во рамките на саемските денови од денес до 26-ти февруари општините Гевгелија, Дојран, Ресен, Крушево и Охрид ќе ја прикажат природната убавина, богато културно наследство и гурманско искуство, заедно со ХОТАМ, Глобус травел и хотел Мизо. Саемот ќе биде посетен од делегација на повеќе од 50 македонски туроператори и хотелиери, како и претставници од Универзитетот за туризам и менаџмент кои ќе земат учество во Б2Б состаноците промовирајки нови пакети и атракции, отварајќи можности за исполнување на целта за 2023 година од 3,2 милиони ноќевања со повеќе од 550 милиони долари промет од туризмот и угостителството во македонската економија, велат од АППТ.
Потенцираат дека српскиот пазар е еден од најбрзо растечките пазари за македонскиот туризам споредбено 2019/ 2022 година.
Во 2022 година 11% од странските туристи односно повеќе од 63000 туристи и повеќе од 130000 ноќевања остваиле српските туристи, наметнувајки ја потребата од интегриран маркетинг и зајакнат промотивен пристап во 2023 година. Воведувањето на авионската линија Белград – Охрид четири пати неделно од јуни преставува голем предизвик и можност која треба да овозможи продолжување на позитивниот раст и во 2023 година на српските туристи, додаваат од АППТ.
OhridNews