Од понеделникот до недела во комплексот “Орце Николов“ 40 џуџицу и иаидо натпреварувачи учествуваат на семинар зад чија организација стои Кендо и иаидо федерацијата на Македонија.

Тренинзите се одвиваат pод будното око на инструкторот за боречки вештини , инаку технички директор на федерацијата Златко Кескоски.

За џуџицу борците овој семинар представува дел од подготовките за Светското првенство (СП) кое во ноември ќе се одржи во Италија.На ова СП Македонската џуџицу репрезенатција ќе треба да ги повтори високите дострели од предходното големо натпреварување.

Мартин Тодоров беше дел од џуџицу репрезентацијата која лани во категоријата џуџицу тим го освои првото место , а во категоријата џуџицу дуо беше втора.До мундијалот во Италија Мартин и останатите репрезентативци ги очекува напорна работа за нивниот оптимизам за високиот дострел на оваа селекција да премине во реалност.

Паралелно со џуџицу во “Орце Николов“ се одржува и семинар во иаидо.

Иаидо или кати се мач во сооднос со кендо потпаѓаат под иста федерација , светска и европска , а во Македонија се нарекува Кендо и иаидо федерација на Македонија.

За иаидо борците семинарот е подготвка за Европското првенсто кое во ноември ќе се одржи во Париз во Франција.На континенталното првенство на иаидо репрезентативците добро ќе им дојде искуството од дебито на 21-то ЕП во Кендо кое од 27-29 април се одржа во Португалија.

Кендото како спорт во нашата земја ги прави пионерските чекори ,Андреја Атанасовски репрезентативецот на Македонија во иаидо и кендо очекува дека со вистинска работа резултатите сами да си дојдат.

Пред џуџицу и иаидо семинарите , минатата недела се одржа и карате семинар на кои учествуваа 130 каратисти.

        Ненад Цветанов