Во подножјето на познатото село Велестово, на падините на балканската убавица Галичица почна со работа нов угостителски објект “Браво“, кој е вистинско освежување во понудата на Охрид. Објектот имa апартмантски и ресторантски дел. И двата имаат единствен поглед на Охридското Езеро и крајбрежјето.

Посебно убава е глетката во вечерните часови на осветлениот охридскиот кеј и градот. Доволна причина да се побегне од градските гужви, да се ужива во вкусна храна од креативната кујна на „Браво“ и да се прими „терапија“ од свеж планински воздух со вечерното ветре кое е привилегија во Велестово.

Понудата за доручек, ручек и вечера е исклучителна. Менито на „Браво“, е еклузивното, а сепак достапно за сечиј џеб. Изобилува со пилешки, свински и говедски специјалитети и разни видови печења. Во објектот може да се организираат и прослави, веселби, корпоративни и други организирани настани за околу 200 гости, со почитување на здравствените протоколи.

Поради актуелната здравствена состојба комплексот „Браво“ го избегна класичното свечено отварање, кое останува за подобри времиња, но затоа вратите на објектот се отворени за сите, секој ден од 8-24 часот. Ќе ве пречека професионален персонал со запазување на сите пропишани мерки за заштита од Ковид – 19 во затворен простор и делот на терасата од која се протега поглед кој треба да се доживее и да се почувствува.

OhridNews