Охридскиот гинеколог специјалист д-р Владо Устијаноски продолжува со работа во сопствена ординација каде, како што вели, професионалноста во грижата за здрвјето на жената ќе биде на прво место. Своите услуги тој од сега ќе ги нуди како Матичен гинеколог во Специјалистичката гинеколошко-акушерска ординација ПЗУ „Др. Устијаноски“, лоцирана на улица „7-ми Ноември“ бр. 270 1/1 (во зградата наспроти Кам Вилиџ).

Идејата за отворање на ординацијата дојде од пројавениот интерес на пациентките, потребата од соодветна грижа за нивното здравје какло што се внимателно следење на бременоста, посветеност во работата и соработка. Ординацијата пружа услуги за здравствена заштита на жената како што се следење на нормална и патолошка бременост, подготовка за ИВФ вештачко оплодување, скрининг на фетални аномалии во бременост, гинеколошки ултразвук, гинеколошки ултразвук со доплер, рана детекција на премалигни болести на грло на матка, ПАП, ХПВ, колпоскопија, следење на раст на фоликули, како и дијагностика и лечење на машки и женски стерилитет, контрацепција и советувалиште за млади, иследување на менструална функција…, вели д-р Устијаноски.

Работиме со Фондот за здравствено осигурување што ни овозможува соработка со сите јавни болници и лаборатории, но и заедничко иследување, односно водење на бремености што подразбира и можност за контрола по потреба во болница, но и во терциерни здравствени установи во Скопје, и сите други услуги кои ги покрива здравствениот фонд, додава д-р Устијаноски.

Акушерите максимално се залагаат за двата животи. Има голем број случаи низ кои е изградено искуството низ годините, како пружање услуга во било кој дел од денот, експедитивни операции, згрижување деца, успешно завршени породувања, но и итни случаи кои бараат итна реакција, истакнува д-р Устијаноски.

Секогаш препорачуваме жените да обрнуваат поголемо внимание на своето здравје, да се консултираат со лекар гинеколог не само кога ќе се појави проблем, туку да прават редовни контроли. Откако се спроведувааат скрининзите за рани промени на грло на матка преку ПАП тест и ХПВ типизација, овозможуваме превенција на пациентите од премалигни болести. Препораката е еднаш годишно да се посетува гинеколог, вели д-р Устијаноски.
Гинекологијата и акушерството, заклучува д-р Устијаноски, е една прекрасна гранка, која во себе ги содржи моментите на среќа и радост, дотолку повеќе што целта на сите е да имаме здрави поколенија.
Специјалистичката гинеколошко-акушерска ординација „Др. Устијаноски“ ќе биде отворена за пацинетите од понеделник до петок од 7.30 до 15.30 часот, а во среда од 12 до 20 часот. Воедно, термини за преглед можат да се закажат на телефонските броеви 070/333-147 и 077/608-829. Сите дополнителни потребни информации пациентите можат да ги добијат и на официјалните Фејсбук и Инстаграм профили на ординацијата.

Фото галерија:
Охрид доби нова специјалистичка гинеколошко-акушерска ординација, грижата за здрвјето на жената на прво место во ПЗУ „Др. Устијаноски“
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска






















































