Во рамки на макси дисконтот на реномираниот трговски бренд „Топ маркет“, на ул. „15-ти Корпус“ бр.41, деновиве со работа отпочна „Пет центар“ – специјалнизирана продавница за продажба на храна за миленици од врвни брендови.

Пет центарот има голем асортиман на квалитетни производи за миленици, премиум храна, витамини, минерали….

Покрај храна, „Пет центарот“ во Топ макси дисконтот нуди најголем избор на средства за хигиена, како и разни додатоци, играчки, четки и чешли, поводници и околувратници, гардероба, кафези, куќарки и друга дополнителна опрема за миленици.

Од стандардната понуда Топ макси дисконтот нуди лепеза на производи за широка потрошувачка, специјализиран продажен простор за тутун, како и голем избор на пијалаци и ексклузивна амбалажа.

Топ макси дисконтот во чиј склоп работи новата специјализирана продавница за миленици располага со сопствен паркинг простор. 

Покрај широкиот избор на производи, Топ макси дисконтот на своите редовни клиенти им нуди бенефиции при купувањето со програмата на картички за лојалност. Повеќе информации за оваа поволност може да најдете на следниот линк.

OhridNews