Осветлетниот грб на општината изработен од бекатон плочки и обоен во соодветни бои со патоказна стрелка која насочува кон Охрид, од вчера ги пречеува гостите на влезот од магистралниот пат Охрид-Струга.

Околниот простор кој досега беше неуреден е дооплеменет со уредена зелена површина и цвеќе, а проектот за поубав градски влез е реализиран од страна на општина Охрид, заедно со јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“ и „Градски гробишта.“

OhridNews