Од денеска до 23 август, на спортскиот комплекс „Билјанини Извори“ во Охрид, ќе се одржи 15. издание на Фер Плеј Куп, традиционалниот меѓународен турнир во детски фудбал.

На турнирот ќе учествуваат околу 100 екипи од седум држави, со повеќе од 1.500 млади фудбалери, кои во текот на четирите дена ќе се натпреваруваат во повеќе возрасни категории.

Фер Плеј Куп низ годините прерасна во препознатлив регионален спортски настан, чиј акцент, покрај натпреварувањето, е ставен на фер-плејот, спортскиот дух, дружењето и развојот на младите фудбалери.

Турнирот има значење и од туристички аспект, бидејќи во финишот на главната туристичка сезона во Охрид носи голем број учесници, тренери, родители и придружници.

OhridNews