Денес во Конгресниот центар во Охрид, започна четиридневната Меѓународна конференција на Друштвото на физичари на Македонија.

Уверена сум дека преку презентациите на научните согледувања и дебати, во текот на овие четири дена, ќе придонесете за подобро разбирање на светот, а науката ќе биде ставена во служба на човештвото и неговиот одржлив развој. Охрид, древниот Лихнидос, низ вековите бил крстосница на разни цивилизации кои оставале свои траги. Дел од тие траги видливи се и денеска и натаму предизвикуваат интерес кај науката, но и кај бројните домашни и странски туристи. Токму врз таа преплетеност на остатоците од минатото, културните и природните реткости, Охрид е претпознатлив во светот, рече Крстеска.

На конференцијата учествуваат над 80 реномирани научници од Македонија и светот.
OhridNews










