Во организација на локалната самоуправа денеска во Охрид се одржа работилница за Локална мобилизација и Форум за Западен Балкан. Настаните се во рамки на проектот „RECIRCLE MED“, кој се имплементира преку Европската програма INTERREG EURO MED.

Со ова ги докажуваме нашите силни заложби за туристички развој на градов во склад со модерните барања и очекувања. Охрид е реномирана туристичка дестинација и најпознат балкански туристички бренд, Мека за гости и турсти од цел свет. Познати сме по големото искуство и силна посветеност на одржливиот развој, особено во заштитата на животната средина и управувањето со туризмот. Овие деновиве ќе расправате за важноста и значењетона RECIRCLE MED Blueprint проектот кој општина Охрид го имплементираше и преку кој работно се ангажираа неколку лица. Преку презентации и ко-креативни сесии ќе прибирате информации и идеи кои директно ќе го обликуваат Синиот акциски план на Охрид за развој на кружен туризам. Преку дискусии на регионално ниво, со анализа на заедничките приоритети и потенцијалот за меѓусебна соработка меѓу земјите од Западен Балкан ќе реализирате две тематски панел-дискусии: „Предизвици и бариери на Западен Балкан кон син и кружен туризам“ и „Можности за заеднички иницијативи и потенцијални финансирања.
Со стекнатите знаења, посочи Крстеска, учесниците дирекно ќе допринесат во олеснување на прилагодувањето и усвојувањето на Планот за унапредување на синиот и циркуларниот туризам во областа.
Ќе дефинирате приоритети и дизајнираате патеки за имплементација и усвојување на политиките. Вие ќе бидете креатори на новите туристички можности и потенцијали кои ќе не издигнат високо на туристичката мапа како најдобра и најпосакувана дестинација. Пред Вас се исполнети работни денови, нека бидат плодни и донесат важни заклучоци за туризмот, рече Крстевска.
Двата настани кои се однесуваат на туристичката сфера завршуваат утре. На Форумот ќе се одржат две тематски панел-дискусии: „Предизвици и бариери на Западен Балкан кон син и кружен туризам“ и „Можности за заеднички иницијативи и потенцијални финансирања.
OhridNews












