Од денес до 26 септември, Охрид ќе биде домаќин на „Трофеј Македонија“, турнир кој со право може да се нарече мини Балканско првенство, бидејќи на едно место ќе ги собере женските репрезентации на Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Турнирот ќе го отворат денес Хрватска и Црна Гора, по што следува натпреварот меѓу Македонија и Србија. Во петок Македонија ќе се соочи со Црна Гора, додека во сабота, следува дуелот против Хрватска.
Комплетен распоред:
24.09.2026 – четврток
16:00 Хрватска – Црна Гора
18:00 Македонија – Србија
25.09.2026 – петок
15:30 Хрватска – Србија
17:30 Македонија – Црна Гора
26.09.2026 – сабота
17:00 Србија – Црна Гора
19:00 Македонија – Хрватска
OhridNews









