За девет дена, во центарот на Охрид ќе се одржи вториот планиран турнир оваа година и тоа не каков било турнир туку FIBA Endorsed SATELLITE!

Турнирот ќе биде од меѓународен карактер, а веќе неколку екипи од Европа го пријавија своето учество! Освојувачите на првото место ќе добијат 2.000 евра парична награда како и место (slot) на Challenger-от кој ќе се одржи во Љубљана (17. и 18. август) додека второпласираната екипа ќе освои само парична награда во висина од 1.000 евра.

  • Во изминатите неколку години ширум светот, 3х3 баскетот зема сè поголем замав кога станува збор за популарноста на овој спорт. Здружението „3×3 Macedonia“ го прифати предизвикот за популаризација на овој спорт и во границите на нашата земја, па во изминатите 365 дена напорно ’работи на случајот’. На територија на Македонија беа одржани неколку FIBA Endorsed турнири, за сениори и за млади, а кон средината на месец јуни започна и премиерната MKD Tour – лига. Лигата ја имаше својата премиера пред речиси еден месец в Скопје, а турнејата продолжува во Охрид. – стои во покатаната од Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Дополнителни информации за турнирот и пријавувањето на [email protected].

OhridNews