Во организација на Шаховскиот клуб Ласкер со поддршка од Општина Охрид, Шаховската Федерација на Македонија и неколку компании од бизнис секторот градот Охрид е домаќин на Меѓународен турнир во шах во младински категории.

На турнирот кој по четврти пат се одржува во Охрид ќе настапат најдобрите шахисти од Аланија, Бугарија и Србија. Турнирот за свечено го отвори советникот Мишел Силјаноски.

  • Огромно е задоволството да се присуствува  на отворањето на  четвртиот меѓународен   Младински турнир во шах „Ласкер 2019“ на кој учествуваат млади шахисти од Албанија, Бугарија, Србија и Македонија. Велат дека умствените активности се „најдобра храна“ за психичкиот развој на младите, а токму шахот е спорт којшто го овозможува тоаПоставување цели, идентификување алтернатива и последици се составен дел на играта. Преместувајќи ги фигурите кога играте шах морате да донесете одлуки и решите проблем. Морате да ги контролирате своите импулси и да поставите краткорочни и долгорочни цели  како би имале предност и  би биле победници  во игрaта.  А токму таква младина му е потребна на ова општество, младина која  поставува цели и донесува одлуки во насока на подобар и побрз општествен развој. Прогласувајќи го овој турнир во шах за отворен  им  посакувам успех во играта на сите учесници со желба да победи најдобриот и  најсреќниот  затоа што во фер игра сите се добри и квалитетни. Секако на учесниците од неколкуте Балкански земји им посакувам пријатен престој во Охрид со желба да ги доловат убавините на Охрид  кои  повторно ќе ги враќаат кај нас. – истакна Силјаноски.

OhridNews