Охрид деновиве е домаќин на Конгрес за деменција на кој ќе учествуваат над 400 учесници, психијатри, невролози и невропсихолози од земјава и земјите од регионот, Европа и светот.

Грижата за граѓаните во трета животна доба пошироко и посебно креирање на пријателско општество на заболени од деменција (52 милиони заболени од деменција во светот во 2018 година) ќе биде еден од ЕУ приоритетите во годините што доаѓаат, а претседателот на Словенија веќе го има прифатено овој приоритет, како еден од приоритетите во време на председавањето на Словенија со ЕУ, велат од Организацискиот одбор на конгресот.

Коорганизатори на настанот се Светската психијатриска Асоцијација и Македонската психијатриска асоцијација.

OhridNews