Во организација на Комората на Тренинг Институти при Европската Асоцијација за Семејна Терапија (ЕФТА ТИЦ), од 21- ви до 23- ти септември во хотелот Метропол, Охрид ќе се оддржи седмата по ред Европска Конференција за тренери и психотерапевти. Домаќин на конференцијата ќе биде Институтот-АЛТЕРНАТИВА.

На настанот се очекува да учествуваат над 70-тина водечки имиња, доајени  на полето на психотерапијата од бројни Европски земји: Франција, Англија, Германија, Португалија, Ирска, Грција, Италија, Израел, Естонија, Русија, Романија, Турција, Бугарија, Словенија, Србија, Македонија и други, како и од Канада. 

OhridNews