
На Конференцијата која има за цел поддршка и афирмација на надворешната политика на Република Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО структурите, ќе се дебатира на повеќе теми: „Местото на Република Македонија во ЈИЕ, 18 години по осамостојувањето“, „Улогата на политичките митови и легенди на Балканот“, Меѓуетничките односи и идентитети“, „Членството на Република Македонија во НАТО“ и „ЕУ стратегија за границите на Балканот-поместување, но не и прекројување“.
Учество на конференцијата, чиј домаќин е министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, ќе земат претставници од општествениот и политичкиот живот на Балканот, како и поранешните претседатели на Турција, Романија и Македонија, Сулејман Демирел, Емил Константинеску и Киро Глигоров.












