Фестивалот е предвидено да започне со концерти за духовна музика кои ќе се одржуваат во црквата Св. Софија во претпладневните часови, додека пак натпреварувачкиот дел ќе се одржува во хотелот „Инекс Горица“. Последниот ден од одржувањето на фестивалот предвидена е и ревија на поп и фолк композиции.
На фестивалот ќе учествуваат хорови од 16 европски земји. Нивното пеење ќе го оценува петчлено жири составено од познати диригенти од неколку странски земји.
Најдобриот хор на фестивалот ќе добие диплома и награда гран при на фестивалот.
На финалниот дел од фестивалот во хотелот „Инекс Горица“, публиката ќе може да го проследи настапот на најдобрите хорови избрани од страна на жири комисијата.