Согласно календарот за натпревари за 2012 година, во недела во Охрид АФМ и АК Охрид ќе го органзираат во Државното Поединечно Првенство на Македонија за МЛАДИНЦИ-КИ.

Право на учество имаат сите атлетичари-ки родени 1993 и помлади, регистрирани во атлетски клубови со исправна легитимација, пријавени од страна на клубот, со задолжителен лекарски преглед.

– Овој натпревар воедно ќе има изборен карактер за престојното Балканско првенство за Младинци кое ќе се одржи  на 23-24 јуни во Ескишехир, Турција – велат од АФМ

Дисциплини:

Младинци: 110м пречки, 100м, 400м, 800м, 1500 м, диск (1.75кг) , копје (800гр) , ѓуле(6кг) , далечина, височина, трискок

Младинки: 100м пречки, 100м, 400м, 800м, 1500м, диск (1кг), копје (600гр), ѓуле(4кг), далечина, височина, трискок