Од 17-ти до 19-ти јануари во Охрид ќе се одржи четвртиот Меѓународен саем за туризам. Свеченото отворање на саемот е во хотелот „Инекс Горица“.
На саемот во Охрид ќе биде формирана македонска асоцијација на алтернативнен туризам, која ќе врши презентација на алтернативните туристички дестинациии во Македонија.
На IV Меѓународен саем за туризам во Охрид учество ќе земат дваесетина тур-оператори и агенции од земјава и странство. И годинава учесниците на саемот ќе присуствуваат на одбележувањето на верскиот празник Богојавление – Водици, кој кој се очекува да привлече околу 30 000 верници. Со цел омасовување на манифестацијата охридските хотелиери и угостители истакнаа голем попуст на цените, па така во Охрид за Водици ќе може да се ноќева за 8 евра, а во рестораните да се јаде по цени кои се 20-30 отсто поевтини од регуларните.












