Македонскиот полициски синдикат денес и утре во Охрид, ќе биде домаќин на конференција на Извршниот комитет на советот на европските полициски синдикати- ЦЕСП, европска полициска асоцијација која опфаќа 22 полициски синдикати од 21 европска држава во кои членуваат над 350 илјади полициски службеници од Европа.

На отворањето на конференцијата, денеска, ќе присуствува министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Паралелно со овој настан, на СРЦ „Билјанини извори“ ќе се одржат меѓународни полициски игри.

OhridNews