Денес, во Охрид започна Конференцијата за размена на искуства и Саемот за вработување, собири кои се дел од проектот за прекугранично претприемнишво СЦБЕ/ТВЦ, финансирани од програмата на ИПА за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција.
Пред присутните се обрати градоначалникот Јован Стојаноски, кој зборуваше за значењето на прекуграничната соработка меѓу двете соседни земји.
– Очекуваните резултати од проектот се најмалку 2.000 посетители на веб страницата годишно, најмалку 8.000 лица да бидат информирани за реализација на проектот, 2.000 претприемачи да ја користат платформата за бенчмаркинг и 100 претпријатија да ги зголемат нивните претприемачки капацитети. Тоа е голем бенефит за сите учесници во проектот, но и за општествените заедници во меѓуграничната зона. Општина Охрид има прецизно утврдени цели за забрзан економски развој, во кој влегуваат и ваквите проекти. Во Локалната самоуправа во тек, покрај овој се и други проекти. Паралено, се одвиваат и обуки на дел од администрацијата за подготовка на апликации за добивање средства од разни фондови и нивна имплементација- рече градоначалникот Стојаноски. При тоа, посочи дека локалната самоуправа, е програмски определена за изработка на Стратегијата за развој на град Охрид до 2023 година.
– Стратегијата треба прецизно да го де¬финира патот за негов долгорочен одржлив развој и правилно позиционирање на нашиот град во мапата на европски и светски културни центри и градови на езера. Основна цел е унапредување на квалитетот на животот на граѓаните и подобрување на економските услови преку континуирани стопански вложувања, афирмација на јавниот простор, користење на паметни технологии, употреба на обновливи извори на енергија и рационално искористување на просторот и ресурсите- додаде градоначалникот Стојаноски.
На конференцијата учествуваа 87 лица, а на саемот што исто така се одржува денес свои поставки имаат 11 фирми од Охрид.
OhridNews















