Согласно Календарот на АФМ,  АФМ И Атлетскиот клуб Охрид од Охрид ќе ги организираат Квалификациите на Купот на Македонија за СЕНИОРИ-КИ кои ќе се одржаат во Охрид, сабота и недела 19-20 мај  2012 година.

Натпреварите ќе се одржуваат на  стадион СРЦ ” Атина Бојаџи ” со почеток сабота  од 12.00 часот, а недела од 11.00 часот.

Најдобрите 6 ( шест ) во секоја  дисиплина ќе имаат право да настапат во Финалето на Купот на Македонија за сениори-ки.

Во 2011 година победник беше АК Перпетуу Мобиле од Скопје, клуб кој И оваа година ќе проба да го одбрани трофејот, Најголема конкуренција ќе биде помеѓу АК Перпетуу Мобиле, АК Охрид, АК Скок, АК Лириа.

На натпреварот се очекува да настапат 20на атлетски клубови или 120-140 натпреварувачи.

Ohridnews