Охрид домаќин на Летен камп за децата припадници на македонските национални малцинства
13.08.12 00:04
Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе го отвори првиот „Летен камп“ за деца припадници на македонските национални малцинства од соседните држави, кој од денес до 19-ти август ќе се одржува во Охрид.
Овој настан е дел од проектот на Владата на Република Македонија – „Далеку, а блиску”, а главна цел е подигање на нивото на познавањето на македонскиот јазик меѓу припадниците на македонските национални малцинства во соседните земји и македонските заедници во дијаспората.
Со овој настан, како што информираат од македонското МНР, треба да се подобри познавањето на мајчиниот јазик на целната група и едновремено да се создаде поголемо заедништво помеѓу Македонците од соседните земји. Покрај конвенционалната настава по македонски јазик, ќе биде организирано и учење низ игра и забава, а во текот на неделата ќе бидат посетени повеќе значајни културно – историски места во Охрид и околината.
Во иднина се предвидува „Летниот камп” да прерасне во традиционален настан и истиот да се одржува секоја година како собир на најдобрите ученици кои ги посетувале разните модалитети на изучување на македонскиот јазик во соседството и дијаспората.
Шеста вечер на „Summer Comedy Marathon“ го донесе шоуто „BEST OF STAND UP! – Најдоброто од најдобрите!“ Никола Тодороски, Никола „Братучед“ Сиљаноски и Зоран Донев со проверени хитови, омилен...
Показна вежба на спасување на вода и евакуација на патници од опожарен пловен објект беше спроведена вчера попладне во водите на Охридското Езеро во центарот на градот Во вежбата учествуваа припадн...
Космичката енергија на креативната кујна на „La Fabrique“ во Охрид ја креираше првата Уфо станица со гастрономски специјалитети од вселенски размери Креативниот тим на „La Fabrique“ го созда...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.