Охрид од 18 до 22 август е домаќин на фестивал за мажоретни тимови и марширачки оркестри, на кој учествуваат екипи од Хрватска, Кипар, Босна и Херцеговина и Македонија.

Учесниците денеска беа примени од претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески, кој им посака топло добредојде и успешен настап на фестивалот што се одржува во организација на културно-уметничкото друштво „Охриѓанка“.


Претседателот на Советот во друштво на мажоретки

OhridNews

OhridNews