Во сабота во Охрид ќе започне завршната меѓународна Конференција за дисеминација на финалните резултати од заедничкaта регионална докторска програма за претприемништво и менаџмент на мали и средни претпријатија за земјите од Западен Балкан, со акроним DOCSMES.
Заедничките студиски програми се остваруваат со два универзитети од Албанија, еден универзитет од Косово, три универзитети од земјите од Европската Унија.
Покрај Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, од македонските високообразовни институции партиципира и Универзитетот од Југоисточна Европа, а придружни членки се институции и установи од стопанскиот сектор.
OhridNews