Од 18 до 21 септември Охрид ќе биде домаќин на петтиот балкански стручно – научен конгрес од областа на рударството „Balkanmine 2013“. Над 300 учесници, експерти од 14 земји ќе презентираат повеќе од 130 научни трудови, претставувајќи ги перспективите на рударството, како и примената на најновите технологии во оваа стопанска дејност која е клучен двигател на економијата во земјите од Балканот.
Во рамките на конгресот ќе биде организиран и мал саем на компании од областа на рударството присутни на пазарот во Република Македонија и во поширокиот регион.
„Balkanmine“ се одржува на секои две години, а првпат беше организиран во Варна, Република Бугарија.
Главен покровител на „Balkanmine 2013““ е АД „Електрани на Македонија“, а организатори се Здружението на рударски и геолошки инженери(ЗГРИМ) и Факултетот за природни и технички науки при универзитетот „Гоце Делчев“.
OhridNews