Регионална министерска конференција за „Интегрирано управување со речни сливови – платформа за размена на искуства“, ќе се одржи утре во Охрид. Организатор на конференцијата е Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка од Италијанското министерство за животна средина, копно и море и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Целта на конференцијата е развивање на заедничка визија за одржливото управување со речните сливови и унапредување на соработката во прекуграничен контекст. На конференцијата ќе се усвојат две заеднички декларации, за интегрирано управување со речни сливови и за Дримскиот речен слив.
На конференцијата е најавено присуство на министри и високи претставници на компетентните министерства од земјите во регионот, како и претставниците на донаторската, академската и бизнис заедницата и странски претставништва во државата.
OhridNews