Од 10-ти до 12-ти јуни, Охрид ќе биде домаќин на работилница на тема „Најдобрите практики и иновативни пристапи за развивање на рамка на сигурносни политики за сајбер-безбедност“.

Ко-директор на работилницата од Македонија е професорот Александар Ристески од Факултетот за електротехника и информациски технологии а за ко-директор од земја членка на НАТО е назначен Филип Сусман, претседател на Институтот за применета наука при Универзитетот Норвич, Вермонт, САД.
OhridNews











