Охрид домаќин на петтата конференција на началници на Генералштабови
07.06.11 09:54
Од денес до 9- ти јуни, Охрид ќе биде домаќин на петтата Конференција на началници на генералштабови на земјите од југоисточна Европа. На неа ќе учествуваат 13 високи воени делегации, предводени од девет началници на Генералштабови, двајца началници на земјите гости (Хрватска и Словенија), заменик претседавачот на Воениот комитет на НАТО и Командантот на НАТО Здружената команда на силите во Неапол. Покрај домаќинот, началникот на Генералштабот на АРМ, Мирослав Стојановски, на конференцијата ќе учествуваат и неговите колеги од Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Грција, Црна Гора, Романија и Турција.
Како што потенцираат од министерството за одбрана, за првпат на конференцијата ќе учествува највисока воена делегација од Република Грција.
Предвидено е на средбата да се разговара за предизвиците на 21-от век и потребите за зајакнување на идната соработка, заеднички обуки и вежби, нови области на соработка и национални презентации на полигоните за обуки.
Досегашните четири конференции се одржаа во Солун, Анталија, Белград и Брашов, а наредната година таа е предвидено да се одржи во Софија.
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од К...
Во првите 8 месеци од годината, од јануари до август, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св Апостол Павле Охрид опслужи...
На 16092025 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 29-годишно лице од Струга и на 17092025 околу 11:00 часот лишија од слобода 34-годишно лице од струшкото село Велешт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.