Охрид домаќин на петтата конференција на началници на Генералштабови
24.05.11 00:02
Од 7- ми до 9- ти јуни, Охрид ќе биде домаќин на петтата Конференција на началници на генералштабови на земјите од југоисточна Европа. На неа ќе учествуваат 13 високи воени делегации, предводени од девет началници на Генералштабови, двајца началници на земјите гости (Хрватска и Словенија), заменик претседавачот на Воениот комитет на НАТО и Командантот на НАТО Здружената команда на силите во Неапол. Покрај домаќинот, началникот на Генералштабот на АРМ, Мирослав Стојановски, на конференцијата ќе учествуваат и неговите колеги од Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Грција, Црна Гора, Романија и Турција.
Како што потенцираат од министерството за одбрана, за првпат на конференцијата ќе учествува највисока воена делегација од Република Грција.
Предвидено е на средбата да се разговара за предизвиците на 21-от век и потребите за зајакнување на идната соработка, заеднички обуки и вежби, нови области на соработка и национални презентации на полигоните за обуки.
Досегашните четири конференции се одржаа во Солун, Анталија, Белград и Брашов, а наредната година таа е предвидено да се одржи во Софија.
На црковна церемонија што се одржа во храмот Св Софија во Охрид, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го востоличи новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија Георгиј По...
Седмото издание на „Summer Comedy Marathon“ ќе се одржи од 21 јули до 13 август во Охрид Организаторите и учесниците ветуваат квалитетна и шаренолика програма за сечуј вкус Маратонот на комедијата ...
Еден од најзначајните гудачки квартети на денешницата, „Модиљани“ од Франција вчеравечер музицираше на „Охридско лето“ воодушевувајќи ја фестивалската публика со нивната совршена изведба и внимател...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.