На 18 и 19 јануари, Охрид ќе биде домаќин на „Првата меѓународна конференција за културно наследство, медиуми и туризам“ на која ќе учествуваат над 60 учесници од 12 земји од Европа и Азија.
Како што најавуваат организаторите, конференцијата која тематски и временски се надополнува со празнувања на Водици во Охрид, ќе даде придонес кон заштитата и промоцијата на културното наследство.











