Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, НУ Охридско лето, и Општина Охрид, оваа година за прв пат ја организираат меѓународната летна архитектонска школа, насловена како АРХИТЕКТУРАТА КАКО ПЕРФОРМАНС.

Проектот КРЕАТИВЕН ОХРИД „СЕГА“ ќе се реализира од 1- ви јули до 7- ми јули во Поткровјето на ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Меѓународната летна школа за архитектура и дизајн  преставува почеток на реализацијата на заложбите Фестивалот „Охридско лето“ да живее преку цела година, односно да има активности и надвор од традиционалната уметничка рамка 12 јули – 20 август.

Работејќи во континуитет на концептот на интегрирано архтектонско образоване, факултетот за архитектура и дизајн одлучи да делува во рамките на афирмација, промоција и актуализирање на креативните индустрии во Република Македонија.

Според проф. д-р Кокан Грчев од Факултетот за архитектура и дизајн на Американскиот колеџ, во Скопје,потребата од такво фокусирање произлегува од неопходноста за ставање на културата и идентитетскиот комплекс, градителското наследство, културното наследство, како носечки проблеми низ кои во денешно време и услови треба и може да се промислува суштината на архитектонскиот и културниот идентитет. Во доменот на архитектурата и визуелното, тоа значи отворено читање на просторните зададености, со активно препознавање на повеќеслојноста на квалитетите на постојната култура и наследство.

-Подигањето на свеста за значењето на архитектурата во контекст на развој на креативните индустрии како специфичен потенцијал, како и меѓународна афирмација на повеќеслојните вредности на културното наследство и традициите, нивното третирање како инпсиративен и потполно кретивен потенцијал, е всушност широко дефинираната цел на летната школа за архитектура и дизајн, вели Грчев.

Работата и тематскиот опфат на школата се насочени кон три главни компатибилни области на делување : архитектура, визуелни уметности (дизајн) и урбанизам, водејки грижа и за сите други компатибилни области. Нивното интегрирање, се очекува низ призмата на т.н. „потполна креативност„ произлезена од продлабочените студии и истражувања на поедините „места„ (дисперзирани низ старото јадро на Охрид), како нуклеуси кои израчуваат од себе култура и делување, создавајќи широка мрежа на одржливи единици.
 
Крајната цел на предвидените активности, е низ мултидисциплинарен пристап, да се реоткријат вредностите на културните амбиенти во контекст на широко сфатената креативност, а со цел да ја прифатиме и утврдиме дефиницијата на архитектурата како перформанс низ концептот на ревитализирана култура, приближувајки се на тој начин и делувајки низ суштински разбрани поенти на креативните индустрии.

OhridNews