Дводневна Регионална конференција на единиците за внатрешна контрола од полициските служби на земјите од регионот, чиишто организатори се македонското МВР, мисијата на ОБСЕ и амбасадата на САД во Македонија, ќе започне утре во Охрид.

Тема на конференцијата на којашто ќе присуствуваат претставници од Бугарија, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Труција е “методологиите за докажување на корупцијата и соработката на службите за внатрешна контрола од регионот за нејзино спречување“.

OhridNews