Охридското Друштво за Македонско Културно Наследство “Александар Македонски” е организатор на Меѓународниот Фолклорен Фестивал “Александар Македонски” кој по 7- ми пат  ќе се одржи од 20- ти до 24- ти Јули.

На него ќе учествуваат гости од: Литванија, Естонија, Белгија, Мексико, Конго, Турција, Хрватска, Бугарија, Србија, Словенија, и се разбира Македонија.

Фестивалот ќе биде збогатен со гостување на неколку познати естрадни уметници од областа на народната музика како: Војо Стојаноски, Јордан Митев, Спасен Силјаноски.

Првата фестивалска вечер е на 22-ри, а втората фестивалска вечер е на 23- ти јули. Фестивалот ќе започне со дефиле по охридските улици, охридската чаршија и плоштадот, каде што охриѓани и многубројните туристи ќе имаат можност да ги видат разнобојните автентични носии од различните култури.

Главниот настап на учесниците ќе се одржи на платото пред  Центарот за Култура “ Григор Прличев” – Охрид во 21:00 часот.

OhridNews