Од 28-ми до 30-ти овој месец, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе се оддржи шестото издание од фестивалот на француски филм.

Отворањето ќе биде два дена претходно во главниот град во киното „Синеплекс“, а фестивалот ќе биде затворен во Охрид со филмот за поранешниот претседател на Франција, Жак Ширак, со наслов „Последната изборна кампања“.

Инаку, организатори на фестивалот се Францускиот Институт во Скопје, Министерството за култура, како и градот Охрид.

OhridNews