Од денес до 25- ти септември, по трет пат во Охрид се одржува конференцијата е-Демократија, во организација на Некстсенс, заедно со Центарот за развој на е-Влада од Љубљана- Словенија.

Преку пет панели ќе бидат опфатени најактуелните теми во областа на електронската демократија: употребата на нови технологии за мониторирање на транспарентноста на јавните институции, следење и усогласување со промените во законската регулатива, социјалните медиуми како нови и иновативни алатки за зголемување на учеството на граѓаните во работата на парламентот, владата и останатите јавни институции итн.

Конференцијата на едно место ќе ги собере најголемите регионални експерти од областа на електронската демократија и електронското владеење. На отворањето на конференцијата воведно обраќање имаат Кристофер Ивон, британски амбасадор во Република Македонија, Марта Арсовска Томовска, заменик министер за Информатичко општество и администрација и Крис Хеншоу, директор на Националниот демократски институт за Македонија.

Во име на Европската Унија на присутните гости на конференцијата преку видео линк ќе им се обрати европратеникот и известувач на Европскиот парламент за Република Македонија, Ричард Ховит.

OhridNews