Охрид на 11 и 12 јули ќе биде домаќин на третата регионална средба на претседателите на Македонија, Ѓорге Иванов, на Албанија, Бамир Топи, на Косово, Атифе Јахјага и на Црна Гора, Филип Вујановиќ, информираат од кабинетот на Иванов.

Предвидено е четворицата претседатели да разговараат на повеќе теми, доминантно поврзани со интеграциите во НАТО и во Европската Унија:  јакнење на демократските и реформските процеси, зголемена економска соработка и поттикнување на регионални инвестиции, инфраструктурно и енергетско поврзување, како и за прекуграничната соработка во борбата против криминалот.

Целта на овој традиционален собир, како што информираат од кабинетот на Иванов, е одржување на дијалогот меѓу четирите земји на највисоко ниво.

Првата средба во овој формат беше одржана во Валона, Албанија, додека минатата година втората средба се одржа во Призрен, Косово.

OhridNews
извор:„Макфакс“