Здружението на лица со телесен инвалидитет на Охрид и Дебарца „Мобилност“ од Охрид, деновиве беше домаќин на втората средба на здруженијата на лица со телесен инвалидитет од повеќе градови во Македонија, организирана од националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија „Мобилност Македонија“.
На средбата на која учествуваа 17 организации, се донесе одлука за распределба на средства за помош на членовите во трошоците при користење на здравствени услуги и се усвои годишната програма за работа . Исто така беше одлучено годинава спортските игри и квиз натпреварите да се одржат во Охрид и Струга, а тортијадата, музичките и литературните средби ќе се одржат во Струмица.
OhridNews