Ракометниот клуб Охрид ќе аплицира до Ракометната федерација на Македонија за организацијата на завршниот турнир во Младинска конкуренција кој треба да се одигра на 30 и 31 март.

Се` уште не е познато дали РК Охрид ќе има конкурент за организацијата на Ф4 турнирот кој ќе стави точка на возбудувањата во Младинската лига. Домаќинството ќе го добие клубот кој ќе понуди најдобри услови покрај оние стандардните што треба да ги исполни дадени од РФМ.

На завршниот турнир во Младинската лига ќе учествуваат најдобрите две екипи на табелата од двете групи. Во една група првопласирани завршија екипите на Охрид и Струга, а во другата Металург 2 и КЛ7 од Струга.

РК Охрид и градот во СРЦ „Билјанини Извори“ се имаат покажано како добри домаќини организирајќи завршни турнири во Купот на Македонија за сениори и еднаш во пионерска конкуренција.

OhridNews