Градот Охрид ќе биде украсен за претстојните празници, најави градоначалникот Кирил Пецаков. Во изјава за медиумите тој рече дека Охрид е туристички град и не може да не биде украсен за Нова година, но тоа ќе биде направено со скромни средства.
Украсувањето ќе биде слично како и минатата година, кога за таа цел општината издвои околу 12000 евра заедно со бини и трошоците за тридневна прослава. Програмата се уште не е финализирана, но буџетот за прославата на Нова година ќе биде еднаков или приближно колку ланскиот. – истакна Пецаков.
Тој најави дводневна пригодна програма за охриѓани и сите коишто ќе го посетат Охрид.
OhridNews