Охрид ќе добие автоматска мониторинг станица за квалитет на воздухот. Мониторинг станицата ќе биде дел од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, со кој управува Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во објавениот оглас за јавна набвка наведена е набавка на една автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиенталниот воздух со вклучена обука за потребите на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух за 2022 година.

Со мониторинг станицата ќе се воспостави механизам за редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот и изворите на загадување.

Огласот е објавен во Службен весник на РСМ бр.111 од 10 мај.

OhridNews