Триесеттина семејства во социјален ризик во Охрид добија пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена во рамки на хуманитарната акција што се реализира за новогодишните и божикните празници.

Хуманитарните пакети ги обезбедија организаторот на манифестацијата „Зимска бајка“, Охридњуз, Пе Логистик, Би Милк, Андрос и Топ маркет, во соработка со Лајонс клубовите Лихнидос, Охрид, Деница и Десарети.

Празниците се моменти на среќа, кои ги обединуваат луѓето, инспирираат, мотивираат и поттикнуваат солидарност. Во духот на на традицијата се обединивме со цел да им помогнеме на луѓето од нашата заедница на кои им е потребна помош. Заедно сме посилни, заедно можеме повеќе. – порачаа учесниците во хуманитарната акција.

Г.М.